Жената што му се закани на судијата на судењето на Трамп осудена на 27 месеци затвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жената од Тексас, која упати насилни закани до федералниот судија кој работеше на отфрлена кривична постапка против американскиот претседател Доналд Трамп, денес беше осудена на две години и три месеци затвор.

Окружниот судија на Тексас, Кит Елисон, ја осуди Абигејл Џо Шреј откако минатата година призна дека во гласовна порака до судијката Тања Чуткан се заканила дека „ќе го убие секој што ќе се спротивстави на Трамп“, објави Ројтерс.

Шреј употреби расистички навредлив текст за да се обрати на судијката Чуткан, која е Афроамериканка, и се закани дека ќе ја убие сенаторката Шила Џексон Ли, други демократски сенатори и членови на ЛГБТ заедницата.