Жичарница од утре со ново работно време, јавниот превоз в недела со изменет режим на сообраќање

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ве информираме дека Жичарницата од утре, сабота (1.10.2022 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу.

Посоченото работно време е согласно Одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април.

Потсетуваме дека и натаму, секој понеделник и секој последен вторник во месецот Жичарницата не работи поради редовни сервиси.

Ве информираме дека во недела (2.10.2022 година), во период од 7 до 13.30 часот поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2022“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

Од 7 до 13.30 часот нема да сообраќаат линиите 4, 4А, 22А, 24, 25Б и 59Б.

Во период од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.

Линии со непроменета траса

  • градски линии: 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45 и 65В.
  • приградски линии: 11, 11а, 18, 32, 47, 47а, 52, 53, 55, 56, 56а, 60, 61, 63, 63а, 63б, 65, 65а,
    65б, 66, 66а, 68, 71 и 81.

Ги потсетуваме сите учесници на маратонот, дека в недела ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број (маица).