Жолти ленти на „Мериот“ нема да има – Заев за ТВ21: Мијалков се појави, правната основа за ова падна

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нема да има жолти ленти за хотелот „Мериот“. Премиерот Зоран Заев за ТВ21 појасни дека правната основа за ова отпаднала откако екс директорот на УБК Сашо Мијалков се појавил.

Тој посочи дека постоело кривично дело и со тоа и правна основа за заплена на имотот, сметките како и компаниите кои се уште се на негово име.

„Постоеше основа за заплена на се она што е на име и на неговото семејство, поради тоа што тие можеа да бидат осомничени за кривично дело помагање на бегство. Но со самото појавување на Мијалков, правната основа за сето ова е падната и всушност тој и затоа и се појави“, вели премиерот за ТВ21.