реклама

Зиадин Села: Не сум ја напуштил политиката, ги молам граѓаните да не ја губат вербата во АА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците, Зиадин Села вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде дебатиравме за неговото заминување од претседателското место на партијата по локалните избори.

Села рече дека оставката не значи дека ја напуштил политиката и ги повика граѓаните да не ја губат вербата во Алијанса за Албанците бидејќи, како што рече, таа е единствениот политички субјект кој ги исполнува своите ветувања.

реклама

„Не сум ја напуштил политиката. Таму сум секогаш кога сум потребен, за било каков совет, било за актуелниот лидер на партијата или дури и за кој било партиски експонент. Имам повик, не ја губете вербата во АА. Тоа е единствениот политички субјект кој се претставува со ветувања пред граѓаните и кој се труди да ги реализира, а ги реализира веднаш штом ќе стане дел од Владата. Станува збор за Законот за употреба на албанскиот јазик. Затоа, не губете ја вербата во АА. Дел од вината е моја, но и на другите, затоа граѓаните гласаа како што гласаа“, рече Села.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама