Во повеќе македонски градови, вклучувајќи го и Скопје, утрово беа измерени минисни температури.
Најстудено беше во Берово со температура од -5 степени, додека во Скопје, Тетово и Битола беа измерени -2 степени. Минусни температури имаше и во Демир Капија, Велес, Маврово и Лазарополе.
Најтопло со четири степени беше во Охрид, Виница и Гевгелија.
Времето денеска преку ден ќе биде сончево, со температура од 14 до 19 степени.