Зошто Украина е толку важна?! – Затоа што храни половина Европа!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Украина, главен производител и извозник на земјоделски производи во светот, е сведок на голем пад на садењето земјоделски култури оваа година, поттикнувајќи ги стравувањата од несигурност во храната во услови на тековниот конфликт со Русија.

На фарма на околу 30 километри од градот Лавов во западна Украина, 21-годишниот Кузив Васил се подготвува за пролетна сеидба. Досега неговото семејство посеало само околу една третина од нивните 50 хектари земја, главно со пченица. Решиле да засадат соја кога времето ќе се стопли.

Кузив рече дека пред конфликтот, ѓубривото ги чинело околу 407 американски долари, но сега цената се искачила на околу околу 679 американски долари.

Козак Степан, началник на округот Гоњатичив Старостински во Лавовската област, вели дека конфликтот го отежнал животот во областа.

„Главно засадивме зимско жито на 50 проценти од обработливото земјиште. Сега се садат соја и пченка. Но конфликтот нè погоди многу. Горивото, ѓубривата и пестицидите поскапеа“, вели Козак Степан.

Позната како европска корпа за леб, Украина е главен извозник на пченица, јачмен, сончоглед и пченка.

Но, оваа година, експертите предвидоа дека најмалку една третина од земјиштето, кое вообичаено се користи за пролетни култури, како што се пченката и сончогледот, најверојатно ќе остане незасадено.

Украинската влада процени дека земјата може да успее да засади повеќе од 13 милиони хектари земјоделски култури. Но, сепак тоа би било за 3,5 милиони хектари помалку од лани.

Тетјана Хетман, шеф на одделот за земјоделство во регионот Лавов, рече дека неодамнешните напади врз инфраструктурата, особено оној на складиштето за гориво, го нарушија синџирот на снабдување со земјоделски производи.

„Бидејќи Украина е извозник на многу видови земјоделски производи, нашата влада има право да го ограничи извозот, поради одредени услови, како сега, да го регулира извозот и да го ограничи извозот на некои категории производи за да ја обезбеди храна за Украина“, посочи Тетјана Хетман

Кузив Васил, кој е млад земјоделец, ги препозна предизвиците што претстојат за сеидба од големи размери. Тој рече дека нема друг начин освен да се работи понапорно и да се обезбеди храна за луѓето и да се остане во надеж дека тековниот конфликт ќе заврши наскоро.