Ѕвоната на катедралата во Вашингтон ѕвонеа во чест на милион смртни случаи од Ковид

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ѕвоната на Националната катедрала во Вашингтон во понеделникот ѕвонеа илјада пати во чест на жртвите од Ковид, бидејќи Соединетите Американски Држави имаат околу милион смртни случаи.

САД официјално објавија најголем број смртни случаи во светот, повеќе од Бразил, Индија и Русија, а во понеделникот имаа повеќе од 995.000 смртни случаи од Ковид-19, според најновите податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Големото ѕвоно на катедралата заѕвони околу 18 часот (24.00 часот по средноевропско време), што се емитуваше во живо на јутјуб, а секое ѕвонење претставуваше илјада смртни случаи во пандемијата. „Денес нашата земја ја помина трагичната фаза: еден милион Американци починаа од Ковид-19“, рече ректорот на катедралата, свештеникот Рендолф Маршал Холерит пред да заѕвонат ѕвоната. Дневниот број на заразени се зголемува во последните неколку недели во САД, по укинувањето на задолжителното носење маска за лице, што сега се препорачува само во затворени простори за повеќето жители.

Според неодамнешните проценки на Светската здравствена организација (СЗО) од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2021 година, од Ковид-19 во светот починале меѓу 13 и 17 милиони луѓе.