Четири сметководители имаат коронавирус, од Институтот на сметководители бараат поконкретни мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Институтот на сметководители инфомираат дека веќе четири сметководители се позитивни на Ковид-19, и барат поконкретни мерки за заштита во оваа вонредна состојба.

„Во името на на 11.014 членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ како и 2.158 субјекти за вршење на сметководствени работи во кои се вработени 3.513 сметководители и овластени сметководители, кои во ова време на вонредна состојба и исклучително тешка заразна епидемија од корона вирусот имаат обврска, а и општествена одговорност да ја вршат својата работа.

Бараме од претставници на МФ и Владата на РСМ  што е можно најитно, да ги разгледаме актуелните состојби во кои се наоѓаат сметководителите и овластените сметководители и да го поддржите Институтот солидарно заедно со институциите на джавата им помогнеме на нашите членови. Од причина што нашиот Закон за вршење сметководствени работи и Статутот не ја регулираат особено работата во ваква вонредна состојба, а и како дејност не сме опфатени во мерките кои се донесени од владата, Ви се обраќаме уште еднаш да го разгледате претховниот маил дадените препораки и одлуката на Институтот кој го доставивме на 23.03.2020 на кој до денес нема никаков одговор.

Ве информираме дека веќе има заразени четири лица – сметководтели од Covid-19 па сметаме дека веднаш треба да се превземат конкретни мерки за вршителите на сметководствената дејност, кои изложувајќи се на ризик од зараза вршат дејност и се грижат за прибирање на приходите во буџетот на државата.“, велат од Институтот на сметководители и овластени сметководители.