Околку информациите објавени во дел од медиумите, на прес конференцијата реагираше и министерот за здравство, Венко Филипче рече дека во овие моменти имаме околу 120 респираторни машини, од кои околу 90 се во Скопје.
На денешниот состанок со директорите на Клиничките, донесени биле повеќе одлуки:
- Целиот медицински персонал од државните и приватните болници се мобилизира и става на располагање согласно оперативниот план и да работат во здравтвена установа каде што ќе биде потребно
- Во клиниките нема да се одржуваат колегиуми со цел да се намали опасноста
- Детската болница во Козле целосно ќе се подготви да прими деца, евентуално заболени од коронавирусот
