Нема потреба да се кратат платите за да се обезбедат 1.2 милијарди евра кои недостигаат во државниот буџет поради коронакризата изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За да се постигне тоа, тој понуди помош.
Предлогот на Мицкоски содржи 3 чекори:
- Прв чекор – земање заем од Светската банка кои би биле пристапни за јавниот сектор
- Втор чекор – благајничките записи кои што стерелизираат од прилика 25 милијарди и 200 милиони денари средства ликвидност на банките во Народната банка веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец
- Трет чекор – средствата кои што беа уплатени во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд.
Од друга страна, од СДСМ повеќе пати изјавија дека очекуваат 1,2 милијарди евра да недостигаат од државниот буџет. Лидерот Зоран Заев процени дека за да се пополни празнината, тој предложи намалување на платите на 14.500 денари.
Сепак, предлогот на Заев за намалување на платите сè уште не доби зелено светло од Владата, а досега е објавен само првиот пакет на економски мерки што вклучува кредитирање на компаниите погодени од коронавирус преку Банката за развој, а за тоа веќе е отворен јавен повик.
А, професорите оценија дека сега засега не може да се предвидува да недостасуваат средства во буџетот.
