Еден месец пред техничката влада, државаната компанија ЕСМ објави конкурс за вработување на над 500 работници. Платите се од 30 до 60 илјади денари, зависно од понудената позиција. Се бараат различни профили, од инженери, електричари, сметководители, одржувачи на хигиената, се до мајстори, курир, возачи и секретарки за Осломеј, РЕК Битола, Црн Дрим-Струга. Но од каде потребата за сите овие вработувања токму пред избори? Според премиерот Ковачевски вработувањата не се поврзани со изборите бидејќи, како што вели, до мај има се уште време.
Но според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со овие вработувања владата се обидува да го ублажи поразот.
Од АД ЕСМ велат дека за 3 години изгубиле 1190 работници и дека вработувањата се неопходни. “Минатата година, кога се соочивме со енергетската криза, се појави сериозна потреба за нови вработени, особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите од електрична енергија се исти и производството треба да продолжи со исто темпо, да остане стабилно и затоа ни се потреби експерти кои ќе го овозможат тоа“, се вели во соопштението на ЕСМ.
Инаку вработувања се забранети за време на Техничката влада.
