100 деца дневно на преглед во „Козле“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со кашлица, печење во грлото, температура, проблеми во горните дишни патишта, околу 100 деца дневно бараат лекарска помош во Институтот за белодробни заболувања Козле. Се сомневаат на симптоми на Ковид, но повеќето од нив се болни од сезонски грип или настинка, објаснува за ТВ21 директорот на болницата Бесник Зеќири.


„Бројот на деца кои доаѓаат во нашите амбуланти не само за Ковид, туку и за лесни настинки, проблеми со горните дишни патишта, печење на грлото, температура. Во целост ние ги класифицираме како настинка или сезонски грип и можеме да кажеме дека 70% се деца со овие симптоми и 30% се деца со симптоми на Ковид. Овие бројки на дневна основа, за 24 часа, има околу 100 деца кои доаѓаат во нашата болница и бараат прва помош и да се види за која клиника станува збор.“, вели Зеќири.


2 месечно бебе е најмалиот пациент заразен со ковид 19 а кое се третира на Институтот за белодробни заболувања Козле. Во оваа болница се хоспитализирани вкупно 22 деца, повеќето на возраст од 9 до 16 години со лесна клиничка слика. Новиот сој Омикрон не влијаеше на преполнување на капацитетот на болницата, вели директорот Бесник Зеќири. Според него со Омикрон не се заразуваат многу деца и не е поопасен од претходните мутации на корона вирусот.


„Не дека Омикрон го зголеми бројот на заразени деца, бројот е ист како претходно со другите соеви на Ковид 19. Со Омикрон се заразуваат деца но не можеме да кажеме дека е поопасен од другите соеви. Клинички во целина сите деца од Нова Година наваму се со полесна клиничка слика од претходно“, вели Зеќири.


Зеќири ја поздрави одлуката на владата за одложувањето на второто полугодие. Тој рече дека сега е врвот на вирусот и дека децата треба да се заштитат. Од друга страна во врска со оваа одлука реагираа од УНИЦЕФ. Претставничката на оваа агенција во земјава Патриција Ди Џовани смета дека во интерес на учениците е да бидат во училиште.


Одлуката на Владата за одложување на второто полугодие треба да биде привремена мерка и да се направат сите обиди децата да се вратат во училиште. Децата се соочуваат со поголеми ризици кога се надвор од училиште отколку кога се во училиште. Северна Македонија веќе имаше најдолго затворање на училиштата во регионот, кога школите беа затворени 54 недели. Уште едно затворање би било катастрофално за децата, рече Патриција Ди Џовани од УНИЦЕФ.


Инаку според извештајот на ИЈЗ минатата недела најмал број заразени е регистриран кај возрасната група од 0 до 9 години, со 209 случаи.