-Просторот што се наоѓа зад мене е планиран за изградба на градинка овде во Синѓелиќ, но со години работите никако да почнат-вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.
Имаше многу ветувања но до сега не е ништо сработено. Дури не се поставени ни темелите за објектот. Поради немањето градинка, жителите се принудени децата да ги носат во други населби. Претседателот на одборот на населбата Реџаили Кадриу вели дека кандидатите за градоначалник на Гази Баба веќе 10 години ветуваат но ништо немаат сработено. Тој исто така вели дека местото не е погодно за градинка бидејќи во близина се наоѓа каналот кој е отворен.
„Градинката во Синѓелиќ никогаш не била изградена, само дојдоа и ископаа овде и рекоа дека ќе го направат тоа, ќе изградиме градинка со лаги за да им дадеме гласови дека божем почнало да се работи за изградба на градинката, но ние никогаш немаме видено градинка. Дојдов до заклучок дека само затоа што сме албанско село, ништо не се прави во ова село, а каква градинка е предвидена овде за децата кога е отворен каналот овде, тука нема услови за дневен градинка“, вели Реџаил Кадриу.
Запрашан за градинката, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, рече дека претходната локална власт на општината воопшто не работела на планската документација за изградба на градинка. Ветува дека работите ќе почнат во 2025 година.
Синѓелиќ, населба во североисточниот дел на Скопје има околу 8 илјади жители а целата општина Гази Баба според последниот попис на населението, брои близу 70 илјади жители.