10 лица ја изгубија битката со коронавирусот – најмладиот 49 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1964 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19.

Оваа битка ја изгубија 10 лица.

  • Пет лица од Скопје (53, 61, 81, 84 и 86г)
  • Едно лице од Кавадарци (72г)
  • Едно лице од Гостивар (61г)
  • Едно лице од Кочани (49г)
  • Едно лице од Охрид (83г)
  • Едно лице од Прилеп (68г)

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91891, бројката на оздравени пациенти е 80393, на починати е 2831, а бројот на активни случаи изнесува 8667.