Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаи на ковид-19.
Починати се 10 лица:
- Пет лица од Скопје (83, 75, 82, 70 и 47г)
- Едно лице од Струмица (67г)
- Едно лице од Струга (55г)
- Едно лице од Прилеп (61г)
- Едно лице од Охрид (85г)
- Едно лице од Гостивар (51г)
Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент е починат во Дом за стари лица во Скопје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92193, бројката на оздравени пациенти е 80837, на починати е 2841, а бројот на активни случаи изнесува 8515.
