Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на ковид-19.
Починати се 10 лица:
- Две лица од Скопје (54 и 90г.)
- Едно лице од Куманово (73г.)
- Две лица од Прилеп (59 и 56г.)
- Едно лице од Охрид (72г.)
- Едно лице од ПЕ Гевгелија/Богданци (76г.)
- Едно лице од Струмица (71г.)
- Едно лице од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (74г.)
- Едно лице од Кичево (76г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88389, бројката на оздравени пациенти е 69476, на починати е 2682, а бројот на активни случаи изнесува 16231.
