10% поевтини пивото и безалкохолните пијалоци, од утре ќе се намали и профитната маржа за овошјето и за зеленчукот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пивото, водата и домашните сокови од утре ќе се продаваат за 10% поевтино, односно ако водата од 1,5л денеска се продава 27 денари, од утре ќе биде 24 денари. Ќе биде ограничена и профитната маржа за овошјето и зеленчукот, најави премиерот Димитар Ковачевски како мерка за зачувување на животниот стандард на граѓаните.

Иако барањето на граѓаните е да се зголемат приходите, бидејќи според нив овие мерки не се доволни, премиерот вели дека и во таа насока направиле доволно. Тој зборуваше за зголемувањето на приходите на граѓаните во изминатиот период, но заборави на фактот дека во тоа исто време драстично се зголемиле и цените.

Потсетуваме дека последните мерки на Владата за зачувување на животниот стандард ќе важат до 30 ноември, а за нивно евентуално продолжување ќе се одлучува во зависност од ситуацијата.