101 годишна жена од дом за стари лица во федералната провинција Саксонија – Анхалт, беше првото лице кое беше вакцинирано во Германија.
Во социјалниот дом во Халберштад, 101-годишната Едит Квојцала ја прими вакцината мирно, со маска на лицето. Се соопштува дека биле вакцинирани сите 40 членови од домот, и 10 вработени во него.
Утре официјално почнува вакцинацијата во Германија, како и во други европски земји. Први ќе бидат вакцинирани лицата над 80 години, лекарските работници и вработените во домовите.
Вакцинацијата денеска почна и во Унгарија. Десетина илјади лица во САД, Канада и Велика Британија се веќе вакцинирани.
