„Тука нема за Сирија?“
„Не“.
Многу скопјани, со пакети во рацете постојано се упатуваат во центарот на главниот град за да донираат помош за погодените од земјотресот во Турција. Донираат облека и други работи, според своите можности.
„Гледајќи ги фотографиите, гледајќи телевизија, знаејќи во каква состојба се луѓето таму, хуманоста нè поттикна да донираме нешто“.
-Што дониравте лично вие?
„По број не знам, но донирав одредена количина , верувам доволно, донирав јакни за млади, за момчиња, за девојчиња и деца“.
Собраната помош овие 5 дена на плоштадот Македонија формираше цела планина од облека и ќебиња. Еден од организаторите рече дека акцијата завршува утре навечер.
„Ние учениците од Турција овде во Скопје почнавме кампања за помош. До сабота ќе собираме помош и се надеваме дека наскоро ќе тргнеме за Турција. До сега 11 илјади пакети се, во нив има облека за деца, за девојчиња и момчиња, храна за бебиња, јоргани, перници и такви работи, во рокот што ние е даден ќе собереме се и ќе испратиме“, вели организаторот.
Не се знае точната количина облека и храна што се собрани овде, но може да се каже дека скопјани ја покажаа својата хумана страна и подадена рака кога е најпотребно, како што е во овие моменти во Турција.
