11 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 678 тестирања, а регистрирани се 61 нови случаи на ковид-19.

Оваа борба ја изгубија 11 лица:

  • Шест пациенти од Скопје (83, 83, 82, 81, 73 и 67г)
  • Два пациенти од Гостивар ( 60 и 61г ) Еден пациент од Охрид (83г)
  • Еден пациент од Струмица (75г)
  • Еден пациент од Тетово (77г).

Сите 11 пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.