Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19, додека пак 11 лица ја изгубија оваа битка.
- Двајца пациенти од Скопје (85 и 75г.)
- Еден пациент од Велес (62г.)
- Двајца од Битола (64 и 74г.)
- Еден од Кавадарци (71г.)
- Еден од Гостивар (85г.)
- Еден од ПЕ Гевгелија/ Богданци (64г)
- Еден пациент од Струмица (58г.)
- Еден од Крива Паланка (61г.)
- Еден пациент од Радовиш (70г.)
Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81804, бројката на оздравени пациенти е 59650, на починати е 2456, а бројот на активни случаи изнесува 19698.
