11 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладиот 35 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информираше дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.073 тестирањe, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 201 оздравени пациенти, додека пак во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица.

  • 4 починати лица од Скопје (83г, 80г, 78г, и 66г)
  • 3 починати лица од Куманово (93г, 69г и 48г)
  • 2 починати лица од Прилеп (79г и 35г)
  • 1 починато лице од Струмица (67г)
  • 1 починато лице од Радовиш (79г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.