11 пациенти ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на ковид-19.

Оваа борба ја изгубија 11 лица.

  • Пет пациенти од Скопје (82, 63, 75, 74 и 53г.)
  • Еден пациент од Битола (66г)
  • Еден пациент од Струмица (70г.)
  • Еден пациент од Кавадрци (55г)
  • Еден пациент од Струга (77г)
  • Еден пациент од Кочани (71г)
  • Еден пациент од Пехчево (71г.).

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89392, бројката на оздравени пациенти е 73983, на починати е 2726, а бројот на активни случаи изнесува 12683.