Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.160 тестирања, а регистрирани се 254 нови случаи на ковид-19, од кои на територија на Скопје се 111.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 43.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.973.
Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.
