12 студенти или по тројца од Машински факултет, ФИНКИ, Правен факултет и Природно математичкиот факултет од ранливите категории ќе добијат стипендија од 18 000 денари месечно од Фондацијата Едуката поддржана од Видеолотарија на Касинос Австрија. Конкурсот е активен од денеска и ќе трае до 21 месецов, а на први декември ќе се објават имињата на добитниците.
„Нашата намера е да ги следиме студентите низ целото нивно школување сите четири години додека студираат“, рече Оливер Арсовски, претседател на Фондацијата „Едуката“.
„Секоја ваква фондација претставува значаен исчекор и посебно значајно што ќе се стипедираат млафдте кадри новозапишаните студенти запишано во новата 2022/2023 година“, изјави Никола Јанкуловски, Ректор на УКИМ.
Студентите треба да исполнуваат одредени критериуми кои јасно се наведени на веб страната едуката.мк, да имаат успех од 5,00 за сите 4 години средно образование, но услов е и материјалната состојба на потесното семејство на кандидатот.
Доколку има пријавени повеќе студенти кои ги исполнуваат условите ќе одлучуваат нијанси- вели Арсовски и сигурно стипендиите вели ќе отидат во вистинските раце. Приоритет имаат талентираните студенти. Оваа благородна идеја ќе се прошири и на другите државни факултети во земјава како на тетовскиот, штипскиот, битолскиот универзитет, а ќе се зголемува и бројот на стипендирани.
