125 садници беа засадени во чест за жртвите од сообраќајни несреќи минатата година во Македонија. Бројот на млади лица кои го губат животот на годишно ниво во светот надминува 400 илјади од нив, 1.100 лица се до 25 години.
„Најголем број на сообраќајни незгоди прават лицата до 25 години, бидејќи тие немаат оспствено моторно возило го користат најчесто од своите родители, не го упрвуваат секојдневно и прават сообраќајни незгоди, тие се млади, неискусни возачи и возачите над 65 години“, истакна Гордана Кожуваровска.
Лани само во октомври имало 11 загинати лица во сообраќајна незгода во земјава, а годинава истиот месец 5 лица, што кажува дека бројот на сообраќајни незгоди се намалува, a според Републичкиот совет за безбедност тоа се должи на едукацијата која ја спроведуваат од најрана возраст.
„Во Р. С.Македонија во 2020 година имавме најмал број на загинати лица и тоа 125 и тоа не се само бројки, туку тоа се животи. Затоа денеска ќе им оддадеме почит и слава на загинатите лица. Ќе посадиме 125 садници во чест на загинатите во нашата Република“, вели Гордана Кожуваровска.
1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, што е во просек по 3,5 луѓе дневно.
Она што е светло во целата приказна е што земјава по степенот на безбедност се доближува до европските земји. Со вкупно 35,9 смртни случаи на 100 илјади жители, Либерија е земјата со најмногу жртви во сообраќајот. На втората позиција се наоѓа Демократска Република Конго со 33,7 смртни случаи додека Централна Африканска Република се наоѓа на третата позиција со 33,6 смртни случаи.
