129 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на ковид-19, од кои 129 се на територија на Скопје.

Од почетокот на пандемијата, досега во Скопје има се потврдени 37.455 случаи на коронавирус, од кои активни се 10.022.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира и 124 оздравени пациенти од Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.494, бројката на оздравени пациенти е 67.453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16.419.