13 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19.

Пријавени се вкупно 13 починати лица:

  • Пет пациенти од Скопје  (76г, 70г, 61г, 58г, 54 години)
  • Два пациенти  од Кавадарци (87г, 78г )
  • Еден пациент од Тетово (73г)
  • Еден пациент од Куманово (79г)
  • Еден пациент од Охрид (66г)
  • Еден пациент од Гевгелија (73г)
  • Еден пациент од Прилеп (80г)
  • Еден пациент од Неготино (61г).

Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.