Министерството за здравство информира согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19.
Пријавени се вкупно 13 починати лица:
- Четири пациенти од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г)
- Четири пациенти од Куманово (70г, 63г, 57г, 50г)
- Еден пациент од Тетово (66г)
- Еден пациент од Прилеп (72г)
- Еден пациент од Битола (71г)
- Еден пациент од Велес (75г)
- Еден пациент од Пробиштип (83г).
Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.
