13 лица ја изгубија битката со коронавирусот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19.

Починати се 13 лица:

  • Четири лица од Скопје (74, 69, 93 и 87г)
  • Три лица од Прилеп (69, 76 и 57г)
  • Едно лице од Велес (51г)
  • Едно лице од Неготино (80г)
  • Едно лице од Дебар (71г)
  • Едно лице од Радовиш (66г)
  • Едно лице од Македонски Брод (66г)
  • Едно лице од Кратово (76г).

Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89463, бројката на оздравени пациенти е 74800, на починати е 2739, а бројот на активни случаи изнесува 11924.