Министерството за здравство денеска информираше дека од направени 4.145 тестирања, регистрирани се 495 нови случаи на КОВИД-19.
Регистрирани сe и 308 оздравени пациент, додека пак регистрирани се 13 починати лица:
- 3 починати лица од Скопје (63г, 81г и 86г)
- 2 починати лица од Куманово (63г и 74г)
- Едно починато лице од Прилеп (98г)
- Едно починато лице од Битола (61г)
- Едно починато лице од Велес (36г)
- Едно починато лице од Кавадарци (73г)
- Едно починато лице од Охрид (69г)
- Едно починато лице од Кочани (69г)
- Едно починато лице од Пробиштип (63г)
- Едно починато лице од Крива Паланка (73г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.
