13 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладиот 33 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека од направени 3.296 тестирања, регистрирани се 469 нови случаи.

Од таму велат дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 

  • 3 починати лица од Скопје (44г, 60г и 77г)
  • 2 починати лица од Велес (73г и 80г) 
  • 2 починати лица од Струмица (57г и 77г) 
  • Едно починато лице од Прилеп (73г)
  • Едно починато лице од Битола(73г)
  • Едно починато лице од Кавадарци (75г)
  • Едно починато лице од Кичево (77г)
  • Едно починато лице од Неготино (33г) 
  • Едно починато лице од Крива Паланка (82г). 

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467,бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.