13 лица ја изгубија борбата со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 529 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19.

Оваа борба ја изгубија 13 лица:

  • Пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г)
  • Два пациенти од Велес (66 и 80г)
  • Три пациенти од Струга (74, 87 и 73г)
  • Еден пациент од Кратово (52г)
  • Еден пациентод Крушево (79г)
  • Еден пациент од Демир Капија (62г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88992, бројката на оздравени пациенти е 73777, на починати е 2715, а бројот на активни случаи изнесува 12500.