130 санкционирани возачи во Сарај и Ѓорче Петров, 22 за брзо возење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска (02.06.2021) СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на општина Ѓорче Петров и Сарај, при што санкционирани се 130 возачи. Од нив 16  управувале возило без возачка дозвола, а 22 управувале со брзина поголема од дозволената. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и заеднички да придонесеме за поголема безбедност, соопштија од МВР.