14 дневна задолжителна самоизолација за граѓаните кои ќе пристигнат од Индија или Бразил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешната седница Владата усвои нова мерка за лицата кои во наредниот период ќе се вратат од Индија или Бразил.

Имено, тие ќе мора да бидат во задолжителна самоизолација во времетрање од 14 дена.

„Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2“, велат од Владата.