Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежур ни екипи. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
| ПУНКТ | Т(°C) | ПУНКТ | Т(°C) | ПУНКТ | Т(°C) |
| К.Паланка | -5 | Струга | -4 | Кочани | -4 |
| Страцин | -4 | Ресен | -7 | Делчево | / |
| Куманово | -4 | Крушево | -10 | Смојмирово | -5 |
| Маџари | -4 | Кичево | -7 | Струмица | -1 |
| Тетово | -3 | М.Брод | -5 | Велес | -4 |
| П.Шапка | -14 | Буково | -6 | Неготино | -1 |
| Гостивар | -8 | Ѓавато | -10 | Д.Капија | -4 |
| Стража | -10 | Плетвар | -7 | Удово | -1 |
| Маврово | -11 | Пресека | -5 | Гевгелија | / |
| Дебар | -3 | Железнец | -4 | Кула | -6 |
| Битола | -6 | Штип | -5 | Петровец | -4 |
| Прилеп | -5 | Сарамзалино | -4 | ||
| Охрид | -7 | Павлешенци | -6 |
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk
