140 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19, од кои на територија на Скопје се 140.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 42.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.967.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.