Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19.
Оваа битка ја изгубија 15 лица:
- Четири лица од Скопје (82, 70, 85 и 75г)
- Едно лице од Куманово (60г)
- Едно лице од Велес (62г)
- Едно лице од Охрид (61г)
- Три лица од Кавадарци (77, 90 и 51г)
- Три лица од Гостивар (73, 67 и 33г)
- Две лица од Виница (54 и 83г).
Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87986, бројката на оздравени пациенти е 69137, на починати е 2672, а бројот на активни случаи изнесува 16177.
