Министерството за здравство информираше дека во последниве 24 часа од коронавирус во Македонија починале 15 лица.
- Седум пациенти од Скопје (76, 63, 84, 82, 75, 80 и 85 години)
- Тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57 години)
- Двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51 години)
- Едно лице од Ресен (70 години)
- Едно лице од Делчево (59 години)
- Еден пациент од Охрид (87 години)
Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата држава од почетокот на епидемијата изнесува 27.827.
Бројката на оздравени пациенти е 19.479.
Бројката на починати досега е 949.
Бројката на активни случаи изнесува 7.399.
