15 лица ја изгубија борбата со коронавирусот – најмладиот 40 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на ковид-19.

Оваа борба ја изгубија 15 лица:

  • Шест лица од Скопје (73, 40, 70, 84, 72 и 62г)
  • Две лица од Куманово (66 и 64г)
  • Две лица од Тетово (68 и 75г)
  • Едно лице од Охрид (64г)
  • Две лица од Струмица (69 и 69г)
  • Едно лице од Кочани (68г)
  • Едно лице од Пехчево (67г)

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83329, бројката на оздравени пациенти е 61447, на починати е 2503, а бројот на активни случаи изнесува 19379.