Министерството за здравство информира дека пријавени се вкупно 15 починати лица од ковид-19.
- 3 лица од Битола (70г, 71г и 79г)
- 2 лица од Скопје (64г и 75г)
- 2 лица од Куманово (61г и 78г)
- 2 лица од Тетово (58г и 60г)
- 2 лица од Прилеп (63г и 69г)
- Едно лице од Струга (83г)
- Едно лице од Гостивар (66г)
- Едно лице од Велес (73г)
- Едно лице од Штип (60г).
Од пријавените, 3 лица се починати во домашни, а останатите 12 во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.
