151 нов случај на коронавирус во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19, од кои 151 се на територија на Скопје.

Вкупната бројка на случаи во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 40.324, додека пак бројот на активни случаи изнесува 4.449

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.518, бројката на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи изнесува 8.354.