153 години од раѓањето на Гоце Делчев – годинава без официјална бугарска делегација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Идеалот на Гоце Делчев за светот да биде поле за културен натпревар меѓу народите да ни биде поттик на секое поколение и да создаваме услови за учество во тој благороден натпревар. Ова го порача архиепископот Господин Господин Стефан кој на одбележувањето на 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев одржа панихида пред неговото вечно почивалиште во црквата Свети Спас.

На оддавањето почит на македонскиот великан присуствуваше и целиот државен врв, амбасадори, опозицијата, како и претставници на здруженија кои на гробот на Делчев положија венци и цвеќиња. Премиерот Христијан Мицкоски честитајќи ја годишнината од раѓањето на Делчев рече дека тој е дел од македонскиот идентитет.

„Тоа што го правевме во минатото продолжуваме да го правиме и како Влада. Цениме дека македонската Влада треба да има традиција и во иднина да го чествува овој ден бидејќи ова е наш македонски великан кој што е дел од македонскиот идентитет и неговото дело не смее никогаш да биде заборавено“, порача Христијан Мицкоски.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче рече дека нашиот најголем борец, визионер и револуционер кој се борела за слободна демократска Македонија. 

„Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес. Тој тргнал во борба повикувајќи ги сите луѓе без разлика на нивната етничка, национална или политичка припадност поради тоа што имале една цел а тоа било слободна држава. Ние денеска треба да продолжиме во тој манир да ги надминеме разликите кога станува збор за националните интереси и сите заедно да се бориме за уште попросперитетна и интегрирана во Европската унија Македонија“, вели Венко Филипче.

Арбр Адеми од ДУИ пак рече дека визијата на Делчев остави траен белег, а неговата идеологија ни е потребна повеќе од било кога.

„Идејата на делчевизмот е идеологија која е неопходна денес од било кога. Коегзистенцијата, меѓусебното почитување, културното заемно збогатување се темелите под кои треба да ја градиме нашата заедничка иднина, така што различностите кои што ги имаме не треба да бидат причина за поделби, туку напротив треба да бидат извор за поттик, сила и перспектива“, вели Арбр Адеми.

На годинешното одбележување на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев помина немаше официјална бугарска делегација. Вчера шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев рече дека нема да има заедничко одбележување на раѓањето на Делчев бидејќи Бугарија не добила покана од Македонија.