155 нови случаи на коронавирус во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања.

Денеска се регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19, од кои на територија на Скопје се 155.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 42.900, а бројот на активни случаи изнесува 2.845.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.