16 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.160 тестирања, а регистрирани се 254 нови случаи на ковид-19.

Пријавени се вкупно 16 починати лица:

  • Пет лица од Прилеп (83г, 75г, 75г, 73г, 49г)
  • Три лица од Охрид (85г, 83г, 77г)
  • Две лица од Скопје (78г, 62г)
  • Едно лице од Куманово (76г)
  • Едно лице од Крива Паланка (76г)
  • Едно лице од Струга (68г)
  • Едно лице од Гевгелија (75г)
  • Едно лице од Кочани (83г)
  • Едно лице од Неготино (67г)

Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.