Студен бран ја зафати цела Македонија. Врнежи од снег со променлив интензитет проследени со северен ветер се бележат на целата територија на државата.
На сите пунктови, утринските температури се длабоко во минус.
| ПУНКТ | Т(°C) | ПУНКТ | Т(°C) | ПУНКТ | Т(°C) |
| К.Паланка | -9 | Струга | -9 | Кочани | -5 |
| Страцин | -8 | Ресен | -12 | Делчево | / |
| Куманово | -7 | Крушево | -13 | Смојмирово | -11 |
| Маџари | -8 | Кичево | -10 | Струмица | -7 |
| Тетово | -8 | М.Брод | -10 | Велес | -8 |
| П.Шапка | -16 | Буково | -12 | Неготино | -6 |
| Гостивар | -10 | Ѓавато | -15 | Д.Капија | -6 |
| Стража | -16 | Плетвар | -13 | Удово | -5 |
| Маврово | -16 | Пресека | -10 | Гевгелија | / |
| Дебар | -11 | Железнец | -9 | Кула | -9 |
| Битола | -10 | Штип | -8 | Петровец | -8 |
| Прилеп | -9 | Сарамзалино | -9 | ||
| Охрид | -13 | Павлешенци | -11 |
Под влијание на влажен и многу студен воздушен бран и денес ќе има врнежи од снег, особено претпладне и во јужните делови. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми. До среда утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.
Облачно и студено со врнежи од снег, особено претпладне. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -8 до -2 степена.
Во Скопје облачно и студено, претпладне и околу пладне со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу -4 степени.
