Министерството за внатрешни работи информира дека поради неносење маска на територијата на државава вчера се казнети 469 граѓани, додека пак 16 го прекршиле полицискиот час.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
