165 нови случаи на коронавирус во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаи на ковид-19, од кои на територија на Скопје се 165.

Вкупната бројка на ковид случаи во Скопје од почетокот на епидемијата изнесува 40173, додека пак активни во моментов се 4658.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92193, бројката на оздравени пациенти е 80837, на починати е 2841, а бројот на активни случаи изнесува 8515