Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2467 тестирања, регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19, додека пак починати се 17 лица.
- Шест лица од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67г)
- Две лица од Куманово (62 и 58г)
- Едно лице од Прилеп (78г)
- Едно лице од Тетово (59г)
- Едно лице од Струга (81г)
- Три лица од Велес (75, 77 и 81г)
- Едно лице од Охрид (69г)
- Едно лице од Крушево (54г)
- Едно лице од Неготино (60г).
Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82301, бројката на оздравени пациенти е 60256, на починати е 2473, а бројот на активни случаи изнесува 19572.
