170 илјади работници заминале за 5 години, алармантни бројки на Екзодус на население од Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алармантна е бројка на граѓани кое заминуваат од Македонија. За пет години од нашата земја си заминале 170.000 работници, додека само во првите три месеци од годинава Македонија ја напуштиле 2.738 лица, покажуваат најновите статистички податоци на Државниот завод за статистика.

Оваа бројка е уште поголема сега во текот на летото кога многу работници и студенти одат во Европа како сезонски работници.

Податоците покажуваат дека за 20 години 200 илјади работници или 9% од вкупното население ја напуштиле државата. Минатогодишните проценки беа дека на земјава и недостигаат околу 10.000 работници годишно, додека најтешко се погодени туризмот и градежниот сектор.

-2005 – 459.000 луѓе во миграција
-2010 – 527.000 луѓе во миграција
-2015 – 563.000 луѓе во миграција
-2019 – 658.000 луѓе во миграција
-2020 – 693.900 луѓе во миграција
-2018 – 2023 година – 165.976 луѓе ја напуштиле земјата
-2013 – 2021 година – 2500 луѓе ја напуштиле земјата

  • Само во првите три месеци од 2024 година ја напуштиле земјата 2.738 лица
  • Вкупниот број на жители кои живеат надвор од РСМ е околу 800.000

Социологот Садик Емроја вели дека овие бројки не може да се наречат миграција, туку масивен егзодус на населението.

-Статистиката зборува за алармантна бројка дека не е заминување, не е миграција, не е печалба, туку раселување или во време на војна се нарекува егзодус. Овие статистички податоци, кои последните неколку години говорат за толку голем број на заминување од земјата во социологијата, се претставени во три варијанти или три услови кои треба да ги исполни една земја. Овие бројки стигнаа поради безбедноста, не се цени меритократијата, нема добро здравство, нема образование, вели Садик Емроја, професор по социологија.

Застрашувачки се и бројкитена родени во последните 73 години кај нас, кои постојано се намалуваат.

Во 1950 година за една година имало 49 илјади новороденчиња, додека во 2023 година имаме 16 илјади новороденчиња.

Во 1950 година – 49 илјади новороденчиња
Во 1960 година – 44 илјади новороденчиња
Во 1970-37 илјади новороденчиња
Во 1980-39 илјади новороденчиња
Во 1990 година 35 илјади новороденчиња
Во 2000-26 илјади новороденчиња
Во 2010-24 илјади новороденчиња
Во 2020 година -19 илјади новороденчиња
Во 2023-16 илјади новороденчиња

Но, социологот Емроја вели дека бројот на раѓања не е намален. Според него, бројките се вакви токму поради егзодусот, бидејќи сега се раѓаат во странство.

-Не е намален, ако родените беа во 60-тите, 69.000, денес ако зборуваме за тоа се над 150.000, но тие деца не се раѓаат во Македонија, туку во Швајцарија, Германија, Италија, Франција, Шведска, итн. Со еден збор, ги испразнивме училиштата, ги напуштивме домовите и ги наполнивме училиштата на западните земји, не обвинувам ниту еден печалбар, вели Садик Емроја, професор по социологија.

Инаку, Македонија е во првите 20 земји во светот со најголемо иселување во странство, додека според проценките на Светска банка, речиси 40 отсто од населението со високо образование ја напуштило земјава.